Двете одбојкарски македонски репрезентации претрпеа порази во второто коло на ЕМОФ во Скопје.
Во натпреварите од втората коло ни двете македонски селекции играа против соодветните репрезентации на Словенија.
И на двата меча Словенците се покажаа како далеку подобри противници. Ја совладаа машката репрезентација со 3:0 во сетови, а со истиот резултат и девојките беа подобри од нашите одбојкарки.
Во машка конкуренција, Франција и Словенија од нашата А група, веќе си обезбедија пласман во полуфиналето. Утре младите македонски одбојкари ќе играат против Белгија во меч за избегнување на последното место во групата.
Кај девојките, Македонија со два порази е четврта, последна на табелата. Утре македонските одбојкарки ќе играат против репрезентацијата на Турција која пак ќе се бори за полуфиналето.































