Фудбалерите на Работнички го завршија својот настап на европската сцена по само два одиграни натпревари. Ова откако Работнички и во реванш дуелот од првото квалификациско коло за Конференциската лига е поразен од белорускиот Торпедо.

Откако првиот меч Торпедо го доби со 3-0, во реванш дуелот одигран попладнево на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Работнички загуби со 0-1,

Во текот на целиот натпревар белоруската екипа беше подобар противник и создаде повеќе шанси. целата дилема околу патникот во следната рунда беше разрепена уште во 14-тата минута.,

По корнерот од левата страна, Нигериецот, Стивен Алфред најдобро се снајде во шеснаесетникот на „романтичарите“ и погоди за 1-0.

Покрај Работнички вечерва ревеш дуелите ги играат и преостанатите два македонски претставници.

Силекс во Скопје се среќава со црногорскиот Дечиќ (0-2 на првиот меч. Кратовци по првиот дел пак губат, сега со 0-1.

Вардар со три гола предност гостува во Сан Марино кај Лафиорита, во натпреварот што ќе почне од 21 часот.

Следете нé на социјалните мрежи