Барселона чекаше Ламин Јамал да наполни 18 години за да може да потпише повеќегодишен професионален договор со клубот. Крилниот напаѓач веќе е полнолетен, па конечно ја официјализира верноста со Барса.
Договорот на Јамал со Каталонците сега е со важност до летото 2031 година. Според тој договор, Јамал ќе има плата од 15 милиони евра годишно, која би можела да се зголеми на 20 во зависност од неговите и успесите на клубот.
Барселона еднаш потпишала сличен договор, кога станува збор за гореспоменатите бонуси. Тој договор бил потпишан со Лионел Меси , чиј познат број десет сега ќе го носи шпанскиот репрезентативец.
Јамал одигра 105 натпревари за Барса досега, постигна 25 гола и асистираше за 34, додека за Шпанија постигна шест гола на 21 натпревар.





































