Завршувањето на Гренд-слемот Вимблдон, донесе повеќе промени во ТОП-10, на најновата ВТА ранг-листа.
Сепак, на самиот врв и натаму останува Арина Сабаленка. Белоруската тенисерка беше елиминирана во полуфиналето, но ја зачува првата позиција пред Американката, Коко Гоф која настапот во Лондон го заврши по два одиграни меча.
Новата шампионка, Ига Швјонтек од Полска сега е трета на местото на Американката, Џесика Пегула.
18-годишпната Русинка, Мира Андреева која стигна до четвртфиналето, напредуваше за две места, по сега е петта. Финалистката Американката, Аманда Анисимова, со скокот од пет места влезе во десетте најдобри и сега е седма.
Најголем под забележа Италијанката, Полини која е деветта, пред Бадоса од Шпанија, која ја заокружува листата на десетте најдобри.

































