Македонскиот тенисер Калин Ивановски по речиси едногодишната пауза поради повреда, полека, но сигурно се враќа во посакуваната форма.
Ивановски веќе одреден период постојано е дел од Челенџер турнирите. Во моментов тој е во Сан Марино каде вчера го совлада Јозеф Ковалик од Словачка со 2-0 во сетови. Ивановски денеска за влез во главната рунда на турнирот ќе игра против домашниот тенисер Франческо Форти.
Со неговите настапи, тој овој понеделник, бележи скок од дури 42 позиции на најновата АТП ранг-листа. Така во моментов Калин е рангиран на 853-тото место.
Сепак, тоа е сеуште далеку од неговиот најдобар ранкинг, кога во октомври 2023 година беше на 305-тата позиција.

































