Јаник Синер е победник на овогодинешното издание на Вимблдон. Во одличен финален натпревар во Италијанецот го победи Карлос Алкараз, кому не му дозволи трет пат да се радува во Лондон.
Како што се очекуваше, Јаник Синер и Карлос Алкараз одиграа фантастичен меч. На крајот, Синер ја однесе победата со 3:1 и покажа зошто е играч број еден во светот.
Иако првиот сет го доби ланскиот освојувач на турнирот Алкараз со 4-6, сепак Синер одигра неверојатно во следните три. Тој ги доби со идентични 6-4 на трипати.
Со тоа Синер стана првиот Италијанец кој триумфирал на неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон. Трофејот во Лондон за Синер е трет во неговата кариера од Гренд-слем турнирите, откако во 2024-та ги освои Австралија и УС Опен.