По Работнилки и вториот макеоднски тим во Конференциската лига, кратовски Силекс претрпе пораз во првиот од првата квалификациска рунда.

На гостувањето во Тушко Полје, Црна Гора, составот на Силекс е поразен со 2-0 од тимот на Дечиќ Тузи.

И на овој натпревар домашниот тим имаше повеќе од играта. Силекс со спорадични напади во првиот дел се обидуваше да биде рамноправен. Домаќините поведоа во 39.минута, кога по брзата контра и лошата поставеност на кратовската одбрана Андреј Бајовиќ погоди за 1-0.

Во вториот дел работата на Силекс беше беше дополнително отежната.

Мирчевски во 50.минута заработи директен црвен картон. Таквата предност црногорската екипа ја искористи и преку Сенегалецот, Нидијаје зголеми на 2-0.

До крајот на мечот домаќините имаа уште две добри можности, но резултатот остана не променет.

Реванш натпреварот што на програмата е за седум дена, кратовци ќе го играта во Скопје на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.