РК Вардар го засили својот тим, пред стартот на новата сезона, со уште две интернационални имиња.

Во следните две сезони нови членови на „црвено-црните“ ќе бидат два средни бека, Јапонецот, Харуки Кавада и Аргентинецот, Николас Боно. Тие ќе се појават на подготовките на екипата на крајот од месецов.

19 годишниот Харуки Кавада доаѓа од младинска репрезентација која играше на последното СП во Полска. Таму Јапонија се пласираше во втората фаза и го освои 16 место.
Кавада на Азиското првенство минатата година и беше прогласен за МВП. Го најавуваат како еден од идните најдобри играчи на Јапонијс.

Николас Боно, кој има 27 години и игра за францускиот Истр. Средниот бек потекнува од Балестер од Аргентина, имаше кратка епизода и во бразилскиот Таубате. Играше за шпанските Замора и Синфин, а во тимот од Сантандер даде 140 голови на 29 меча. Потоа се пресели во Шербур, за во актуелнава сезона да го облече дресот на Истр.
Боно игра и за националниот тим на Аргентина, а во својата биографија има запишано настапи на првенството на Средна и Јужна Америка 2024, Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство 2025.

Вардар покрај обврските во домашното првенство и Купот, ќе има настапува и во ЕХФ Европската лига и тоа директно во групната фаза.

Следете нé на социјалните мрежи