Познати се првите двајца полуфиналист на неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон. Американецот, Тејлор Фриц и Белорусинката, Арина Сабаленка изборија пласман во ТОП-4.
Петтиот носител на Гренд-слемот во Лондон, Фриц во четири сета со 3:1 го победни Русинот, Карен Хачанов.
Сега Американецот, го чека исходот од вториот четвртфинален меч во кој бранителот на трофејот од лани и втор носител годинава Карслос Алкараз од Шпанија за противник го има домашниот тенисер, Британецот, Камерон Нори.
Кај дамите, светската тенисерка број 1 Арина Сабаленка со пресврт ја победи Лаура Зигмунд со 2:1. Иако Германката го доби првиот сет со 4-6, сепак во следните два Белорусинката беше подобра со 6-2 и 6-4.
Сабаленка во полуфиналето ќе игра со подобрата од четвртфиналниот меч, што е во тек, меѓу (13) Американката, Аманда Анисимова и Анастасија Пављученкова од Русија,
































