Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон. Белорусинката во осминафиналната рунда ја совлада Белгијката, Елис Мертенс во два сета, но по голема борба.
Првиот Сабаленка го доби со 6-4, а во вториот се играше тај-брејк кој Сабаленка го доби со 7-4 на поени. Белорусинката со тоа ја продолжи својата доминација во меѓусебните дуели, запишувајќи ја 11-та победа против Мертенс, која не успеала да ја совлада цели седум години.
Во борбата за полуфинале, Сабаленка ќе се соочи со Лаура Зигмунд. Германката во два сета беше подобра од Аргентинката, Слолона Сиера.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и Анарасија Пављученкова која со 2:0 во сетови ја победи Сонај Картал.
Русинката славеше по 2 часа и 4 минути игра со 7-6 и 6-4 и со тоа ја елиминираше последната домашна тенисерка на овогодинешниот турнир.

































