Светскиот рекет број 1, Јаник Синер без многу мака ја мина и третата рунда на Гренд слемот во Лондон, Вимблдон.
Италијанецот за само 1 час и 55 минути игра во три сета го победи Педро Мартинез.
Уште во првиот сет Синер најави дека Шпанецот нема што да бара во овпј меч, па на противникот му дозволи да освои само еден гел (6-1). И во следните два Италијанецот одигра на поголемо ниво, ги доби сетовите со 6-3 и 61, а мечот со 3:0.
Сега Синер во осминафиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Бугаринот, Димитров и Австриецот, Офнер.
Од преостанатите денешни мечеви ги издвојуваме. Дуелот на Србите, Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецманович, како и мечот на Хрватот, Марин Чилиќ (финалистот на Вимблдон од 2017) против Шпанецот. Мунар.
 
             
		
