Куманово успеа да ја задржи младата и перспективна ракометарка Нена Несторовска, која веќе две сезони успешно го носи дресот на клубот. Во тој период, таа се истакна со одлични настапи и прерасна во еден од клучните играчи во составот.
Несторовска пристигна во Куманово од редовите на Металург, а со својата посветеност и квалитетна игра брзо се вклопи во тимот.
Куманово за наредната сезона се засили со две интернационалки. Потпишаа Маријана Да Силва Азеведо од Португалија и Аманда Каролине Штајн од Бразил.
Се очекува клубот во наредниот период да објави нови засилувања, како и кои ракометарки кои ќе останат во тимот за следната сезона.
Покрај на домашна сцена, тимот на Куманово ќе биде активен и на меѓународна сцена со настапот во Европскиот Куп.
Ивона Кимовска