Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков и следната сезона ќе ги брани боите на битолски Еурофарм Пелистер.
Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона, па Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес.
„Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите“, објавија од клубот.
Манасков има две титули шампион на Македонија со Еурофарм Пелистер.
Тој зад себе остави дури четиринаесет сезони во европските клупски натпреварувања.
Пред да дојде во Битола, 32-годишното лево крило настапуваше за: Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен, Веспрем…