Македонскиот тенисер Калин Ивановски е меѓу четворицата најдобри на ИТФ фјучерс турнирот што се игра во Загреб.

Ивановски денеска по голема борба и речиси три часа игра во четвртфиналето го совлада домашниот тенисер Вито Тонејц со 2:1 во сетови.

Иако мечот почна со по еден брејк на двете страни, решавачки беше деветтиот гем. Него Кали повторно успеа да го доземе на сервис на противникот, а потоа да го добие и својот, за да го реши сетот во своја корист со 6-4.

Вториот сет донесе голема борба, а траеше 1 час и 24 минути. Го доби Хрватот во тај-брејкот со 7-5 на поени.

Во решавачкиот трет сет Ивановски направи два брејка и го доби сетот со 6-2, а мечот со 2:1.

Противник на Ивановски во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу 3.носител, Босанецот, Башиќ и домашниот тенисер, Хрватот, Иванишевиќ.