Хрватската ракометна легенда Иван Чупиќ и официјално се враќа во Вардар, но овојпат во нова улога – како главен тренер на сениорскиот тим. Клубот од Скопје потврди дека со поранешниот репрезентативец на Хрватска е постигнат договор на две години.

Чупиќ е еден од најтрофејните ракометари кои носеле вардаровиот дрес, а неговото име е нераскинливо поврзано со најголемите успеси на „црвено-црните“, вклучително и освојувањето на Лигата на шампионите.

По официјалната промоција, Чупиќ упати емотивна порака до јавноста:

„За мене Вардар е втор дом. Вардар е голем клуб,  поголем од сите нас поединци. Верувам дека после три години ќе ја вратиме титулата таму каде што припаѓа,“ изјави Чупиќ.

Тој додаде дека ќе стори сè да го врати стариот сјај на тимот и да ја врати публиката на трибините, со цел клубот повторно да се издигне на највисоко ниво – таму каде што му е местото.

Назначувањето на Чупиќ е сигнал за амбициозен нов почеток на најтрофејниот македонски клуб, кој со години беше симбол на европската ракометна