Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, на денешното годишно собрание избра нов претседател. За првпат во својата историја, на чело на организацијата застана жена.

За нова претседателка е избрана Елена Мицковска, долгогодишен спортски работник која успешно извршувала бројни значајни функции во спортот, како и во делегациските структури. Таа е поранешна кошаркарска репрезентативка со богато искуство и посветеност кон спортот на сите нивоа.

Овој избор претставува значаен чекор кон унапредување на родовата еднаквост, современо и инклузивно управување, како и транспарентно водење на Федерацијата.

Со изборот на Мицковска започнува ново поглавје, исполнето со визија, интегритет и посветеност кон напредокот на спортот и благосостојбата на сите членови на заедницата.