Европската џудо унија со специјален видео го најави претстојното Европско првенство за кадети и кадетки, што ќе се одржи од 26 до 29 јуни во Скопје .

Натпреварувањето ја опфаќа возрасната категорија родени 2008/09/10 година, со вкупно 16 тежински категории (8 во машка и 8 во женска категорија).

Борбите ќе се одвиваат во поединечна и екипна конкуренција.

На овој настан ќе биде присутна целата европска и светска џудо елита на чело со претседателот на Европска џудо унија, Ласло Тот.

„–Сите подготовки одат во најдобар ред. Ние се подготвуваме максимално сериозно, бидејќи во џудото владеат високи критериуми кои мора да се испочитуваат. Кај нас многу малку се знае за овој аспект, па токму затоа, сакаме да и покажеме на пошироката јавност дека не станува збор само за благороден спорт, туку и одлично организирана џудо заедница на глобален план.

Воедно, сакаме да ја оправдаме одличната доверба што ја имаме кај Европската федерација, особено по организацијата на двата џудо купови кај нас, кога се создадоа услови да се кандидираме и за Европско првенство. Тука сакам да потенцирам дека ова ЕП ќе биде извонредна можност за промоција на Македонија“, истакна претседателот на Македонската Џудо федерација, Владимир Трпаноски