На терените на ТК Југ во Скопје ќе играат мечевите од Третата Европска група во тенискиот Дејвис купот. Македонската селекција стартуваше со победа откако ги доби двата меча во поединечна конкуренција, против тенисерите од Малта.

Во првиот Берк Бугариќ по 1 час и 50 минути го совлада Лиам Деликата со 2:0 по сетови 7-6 и 6-2.

Вториот далеку по неизвесен го доби Стефан Мицов кој одигра три сета против Алекс Де Габриеле, Противникот го доби првиот сет со 4-6. Во вториот, Де Габриеле се здоби со повреда, а тоа Мицов го искористи и год доби сетот со 6-0, за израмнување на 1:1. Решавачкиот трет сет Мицов го доби во тај-брејкот со 7-3 на поени.

Така дуелот во двојки нема да има резултатско значење, а Македонија ја впише првата победа.

Во првото коло покрај мечот Македонија – Малта играат уште: Летонија – Црна Гора и Молдавија – Ерменија.

Утре македонската селекција за противник ќе ја има Црна Гора. За очекување е и првиот настап на Калин Ивановски кој по една година се враќа во националниот тим.