Најдобрата фудбалскта репрезентација на Македонии го одржа тренингот на „Астана Арена“ каде утре ќе игра против Казахстан. Тоа ќе биде четвртиот натпревар за Македонија во квалификациите за Светското првенство 2026-та. 

По одличниот натпревар против Белгија, македонските фудбалери очекуваат да ја продолжат низата на позитивни резултати. Иако на овој меч селекторот Благоја Милевски нема да биде на клупата, сепак е јасно дека дуелот со Казахстан е еден од клучните за Македонија да остане конкурентна до самиот крај. 

„Ние сме дојдени тука да прикажеме добра игра.

Секој меч зависи исклучиво од нас, нашите играчи се искусни, квалитетни.

Покажавме дека можеме можеме“, изјави Роберт Стојановски, кој ќе го менува Милевски на клупата.

Што се однесува до составот, за него ќе се решава најверојатно утре пред натпреварот. Поради повреди на утрешниот меч не ќе може да се смета Бојан Димоски и Исник Алими. Сепак, за очекување е дека Македонија утре ќе започне во насилен состав. 

Дуелот Казахстан – Македонија што ќе се игра утре во Астана., ќе почне од 16 часот.

Следете нé на социјалните мрежи