По вчерашниот фантастично одигран натпревар против Белгија, македонските фудбалери немаа многу време за славеше. Тие веќе се со мислите на следниот Мундијалски квалификациски натпревар против Казахстан.

Македонската експедиција веќе отпатува за Астана, каде во понеделник ќе се игра дуелот со Казахстан. Противникот вчера беше слободен, а на претходните два меча има пораз (Велс) и победа (Лихтенштајн).

Значењето на овој натпревар е од голема важност за Македонија, истакна селекторот Милевски по вчерашниот меч со Белгија. Со полн „плен“ (победа), Македонија останува конкурентна за највисок пласман во Ј групата, во која Велс има бод повеќе, а во понеделник игра против Белгија.

Понеделничкиот натпревар меѓу Казахстан и Македонија ќе се игра во попладневниот термин од 16 часот.