БФудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се реши на несекојдневен, но одличен потег. Имено за пристојниот натпревар меѓу Македонија и Белгија, ФФМ ќе обезбеди слободен влез за фудбалските надежи.
Станува збор за децата кои учествуваа на финалниот турнир во Детска лига и во проектот за училиштен фудбал „Ајде на фудбал“. Тие ќе бидат сместени на источната трибина.
Одлуката доаѓа на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како признание за трудот и ентузијазмот на повеќе од 2000 деца од 96 екипи. Тие беа дел од финалниот турнир во Детска лига и близу 1000 деца од основните училишта, дел од проектот “Ајде на фудбал”.
Преку оваа иницијатива, испраќаме порака за поддршка на младите таленти и уште повеќе да ја поттикнеме љубовта кон фудбалот и ентузијазмот на најмладите за македонските национални селекции, велат од федерацијата
Источната трибина ќе биде резервирана за сите млади фудбалери, не само како публика, туку како иднината на македонскиот фудбал.