Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се израдува на првиот турнирски триумф во 2025 година. Тетовката победи на ИТФ Фјучрс турнирот W35 Куршумлијска бања, Србија.
Лина денеска во финалето, со пресврт, ја совлада грчката тенисерка Марта Матоула во три сета и меч што траеше 2 часа и 4 минути.
Противничката го доби првиот сет со 6-2, но во следните два Лина беше многу подобра. Особено во вториот сет кој го доби со убедливи 6-0.
Решавачкиот трет се играче 50 минути, а Гркинката имаше водство од 0-2. Сепак Лина не се предаде, освои три гема на сервис на противничката и го заврши сетот со 6-4, а мечот со 2:1.
Турнирот во Куршумлијска Бања се играше за награден фонд од 30.000 долари.

































