Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија се собра во Скопје. Селекторот Благоја Милевски ги пречека репрезентативците кои се најдоа на неговиот список за дуелите со Белгија и Казахстан.

На овие два натпревари Милевски не ќе може да смета на повредените Велковски, Серафимов и Ќамили. Неизвесни за настап се и Миовски, Димовски и Алими.

Сепак позитивната атмосфера и расположението што владеат во националниот тим, ништо не може да ги расипе.

Првиот меч, а вкупно трети во Мундијалските квалификации, Македонијо ќе го игра на домашен терен. Во Скопје на „Тодор Проевски“ следниот петок на (6 јуни – 20.45 часот) гостува фаворизираната селекција на Белгија. 

Три дена подоцна (9 јуни – 16 часот), македонските фудбалери ќе му гостуваат на Казахстан во Астана.

Следете нé на социјалните мрежи