Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Филип Талевски повторно ќе го облеќе дресот на Вардар.

Информацијата ја потврдија од таборот на црвено-црните низ кратката видео објава на сојата Фејсбук страна.

‼️ Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ ФИЛИП ТАЛЕСКИ во дресот на Вардар. ❤️🖤
Уште многу вакви радости заедно да прославуваме.
Добредојде Филип!

Талевски по две сезони минати во португалскиот тим на Бенфика, се враќа во Вардар за кој настапуваше претходно. 

Тој го носеше црвено-црниот дрес од 2020 до 2023 година.