Италијанецот, Марко Безеки победи на трката за Големата награда на Велика Британија, седмата во Мото ГП шампионат.

Возачот на Априлија, ги искористи „киксовите“ на главните конкуренти и заслужено прв ја мина целната рамнина на патеката во Силверстон. За Италијанецот, тоа е само четврта победа во кариерата, прва сезонава.

Победата на Безеки беше негова прва по Индиското Гранд При во 2023 година, а Италијанецот исто така стана 11-ти различен победник на Силверстоун во последните 11 трки.

Зад него заврши Жоан Зарко од Репсол Хонда, a подиумот го надополни, Шпанецот, Марк Маркез. Неговиот брат Алекс Маркез заврши на 5.место зад Италијанецот, Морбидели.

Трикратниот шампион Франческо Бањаја не ја заврши трката.

Браќата Маркез се на првите две позиции во генералниот поредок. Марк кој е лидер сега има 180 бодови, Алекс 19 помалку (161). Зад нив се Италијанците, Бањаја со 124 и Морбидели со 85.

Следната трка ќе се вози на 8 јуни во Шпанија, а на програмата е Гранд-прито на Арагон.