Со одигрувањето на последното, 38. коло од Премиер лигата, заврши уште една возбудлива сезона во англискиот фудбал.
Ливерпул одамна ја обезбеди шампионската „круна“, пред Арсенал ланскиот шампион Манчестер Сити, кој мораше да се задоволи со третото место.
Покрај овие трие екипи, а благодарение на променетите на УЕФА, Англија ќе има шест претставници во Лигата на шампионите.
Челзи и Њукасл обезбедија учество во најсилното европско натпреварување. Челзи славеше со 0-1 на гостувањето кај Нотингем Форест и заврши како четврти.
Драма имаше на стадионите „Сент Џејмс Парк“ и „Олд Трафорд“. Њукасл загуби од Евертон пред своите навивачи. Сепак, благодарение на победата на Манчестер Јунајтед над Астон Вила, тимот на Њукалс ќе игра во Лигата на шампионите. Астон Вила како шесто пласиран тим ќе игра во Лига Европа.
На овие пет клуба во Лигата на шампионите ќе им се приклучи и Тотенхем, кој заврши на 17.место пред оние што ја напуштаа лигата. Сепак, тимот од Лондон со освојувањето на Лигата на Европа си обезбеди место во елитата Лига на шампиони следната сезона.
Лестер Сити, Ипсвич и Саутемптон се клубовите кои ја напуштаат елитата и следната сезона ќе играат во Чемпионшип.





































