Репрезентацијата на Македонија до 21 година кон крајот на месецов ќе одигра два контролни натпревари на гостински и домашен терен против соодветната селекција на Косово.
Првиот контролен меч ќе биде одигран на 28 мај, со почеток во 19 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“, во Приштина. Вториот тест дуел со Косово го играме во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 31 мај во 15 часот.
Поради повреда, Дарко Сековски нема да биде во можност да се стави на располагање на репрезентацијата.
Собирот на селекцијата предводена од Горан Станиќ на програмата е на 22. мај, во хотел Парк, со почеток во 12. часот. Истиот ден, во 17:30 часот ќе биде одработен првиот тренинг, на стадионот „Борис Трајковски” во Маџари.
За нашата селекција ова ќе бидат последни подготовки пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП, кои ќе стартуваат во септември.
Селекторот Горан Станиќ за двата контролни натпревари со Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Васко Василев – Гостивар
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера
ОДБРАНА:
Давид Даилоски – Венло, Холандија
Андрија Димески – Вождовац, Србија
Андреј Аризанковски – А.П. Брера
Анес Мелиќи – Шкендија
Никола Најдовски – Тиквеш
Ѓорге Џеков – Силекс
Марко Стојилевски – А.П. Брера
Нуман Ајетовиќ – Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера
Никола Манојлов – Работнички
НАПАД:
Димитар Данев – Работнички
Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска
Матеј Гаштаров – Звезда, Србија
Михаил Талевски – Вардар
Кире Стојанов – Беласица
Хамза Меметриза – Струга Трим Лум





































