Екипите на Интер и Наполи до последен миг ќе се борат за „Судетото“ во италијанската Серија А.
Двата тима вечерва во претпоследната рунда одиграа „реми“, па разликата меѓу нив остана еден бод во полза на Наполитанците.
Актуелниот шампион имаше голема можност да ја преземе лидерската позиција и тој да има бод повеќе, но киксна во последните мигови.
Имено „неро-заурите“ пред своите навивачи одиграа 2-2 против Лацио. Во два наврати Интер имаше водство со 1-0 и 2-1 и така се до последната минута (90). Тогаш беше досуден пенал за Лацио кој го реализира Педро и израмни на 2-2. Во деветтата минута од судиското дополнение (90+9) Анранутовиќ постигна гол, но радоста на домаќините не траеш долго, бидејќи беше поништен поради офајд.
Наполи иако одигра 101 минута во дуелот до Парма сепак не успеа да постигне гол, а конечниот резултат остана почетниот 0-0.
Така Наполи остана на 1.,место на табелата со 79 бодови, а Интер е втор со 78.
Во последното коло Интер му гостува на Комо, а Наполи на домашен терен го пречекува Каљари.





































