Екипата на Кристал Палас испиша нова страна во својата клупска историја. За прв пат во својата без малку 120 годишна историја овој клуб го освои трофејот во ФА Купот.

Во своето трето финале во ова натпреварување, Кристал Палас беше подобар од Манчестер Сити.

На дуелот одигран на „Вембли“ во Лондон, Кристал Палас славеше со 1-0.

Стрелец на победничкиот, историски гол, за овој клуб, беше Еберечи Езе уште во 16-тата минута од натпреварот.

Со освојувањето на трофејот Кристал Палас избори настап на европската сцена, иако во Премиер лигата е дури 12-ти на коло пред крајот.