Голден Стејт Вориорс пропуштија уште еден меч топка против Хјустон Рокетс и сега се во проблеми. Рокетси славеа во шестиот натпревар во Сан Франциско со 107:115 и сега на домашен терен во мајсторката ќе решаваат за патникот во следната рунда на НБА плеј-офот.
По четвртиот натпревар Голден Стејт имаше водство од 3-1 во серијата и се очекуваше да ја завршат работата. Сепак, тие не успеаја да победат во петтиот натпревар во Хјустон, а ниту во шестиот натпревар во Сан Франциско. Затоа полуфиналистот на западот ќр биде решен во седмиот натпревар во Хјустон.
Победникот беше решен во последната четвртина, во која домашните кошаркари промашија 13 шута за низа, а гостите го казнија тоа.
На „Воините“ им недостасуваше поголема помош од своите стартери. Џими Батлер и Кари не против расположениот противник. Кари беше најефикасен со 29, а Батлер додаде 27 поени, додека, другите тројца постигнаа заедно вкупно само 13 поени .
За „Рокетите“, Фред ВанВлит постигна 29 поени, Турчинот, а Алперен Шенгун додаде 21 поен со 14 скока и шест асистенции.
Решавачкиот натпревар во Хјустон ќе се игра во недела наутро (02.30 часот) по полноќ. Победникот ќе оди на мегдан на Минесота која го елиминираше ЛА Лејкерс.
Ноќеска (01.30 часот) ќе го дознаеме противникот на Оклахома, откако Денвер и ЛА Клиперс ќе го одиграат решавачкиот седми натпревар.




































