Пред репрезентативната пауза, македонските ракометни екипи ќе ги играат натпреварите од шестото коло во плеј-офот.

Дербито на колото ќе се игра во Автокоманда, каде водечкиот тим на табелата Вардар ќе му гостува на трето пласираниот Алкалоид. Овој натпревар е единствениот што ќе се игра во сабота (3 мај), а почетокот е во 19 часот.

За утре се закажани другите два дуели од оваа рунда.

Во Битола, Еурофарм Пелистер апсолутен фаворит во дуелот со Тиквеш, а во иста улога е и Охрид кој на домашен терен ќе игра со Бутел.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) ПЛЕЈ-ОФ 6.КОЛО

петок / 2 мај
17.30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
19.00 ОХРИД – БУТЕЛ
сабота / 3 мај
18.00 АЛКАЛОИД – ВАРДАР

ТАБЕЛА (плеј-оф): Вардар 12 бодови, Е.Пелистер 11, Алкалоид 8, Охрид 5, Тиквеш 3, Бутел 0.