Во Златна Копачка има специјални Супер Сингл игри кои особено не смее да се пропуштат кога има натпревари од Лигата на шампиони. Полуфиналето меѓу Арсенал и ПСЖ е одлична шанса да се пробаме и на овој начин, а одигравме вкупно шест парови со влог од 200 денари.

Повеќе од еден офсајд за ПСЖ е сосема реална игра ако се знае дека Енрике располага со брзоноги офанзивци, но и одличната одбранбена поставеност на Арсенал ни сугерира дека оваа игра е сосема возможна.

Од друга страна, знаејќи дека избраниците на Артета се прилично агресивни на топка, очекуваме барем двајца домашни играчи да бидат санкционирани.

Во второто полуфинале кое се игра утре, предвидуваме победа на Барселона со оглед на тоа дека тимот на Ханси Флик е во одлична форма и добро расположение по освоениот трофеј во шпанскиот куп, додека пак Интер во клучен момент од сезоната загуби неколку важни дуели и е во незавидна ситуација.

Во нашиот предлог-тикет има и англиско дуо, едно од Премиер лигата во кое очекуваме Нотингем да постигне еден гол во второто полувреме против Брентфорд, додека на средбата Мансфилд – Петерборо да има барем по еден гол во двете полувремиња.

За четврток навечер ќе чекаме исто така да се тресат мрежите во двете полувремиња во полуфиналната пресметка меѓу Билбао и Јунајтед во Лигата на Европа.

До 21 часот вечерва можете да јa искористите шифрата за брза уплата и да го одиграте нашиот предлог-тикет.

ШИФРА: W04291359241