Ракометарките на Чаир во 14.коло од плеј-офот запишаа значајна победа совладувајќи го Вардар со 37:34 на гостински терен

Натпреварот започна одлично за Чаир, кој поведе со 3-0, но Вардар брзо се врати и успеа да направи пресврт до 5:6. Сепак, Чаир повторно даде напор и во 15-тата минута поведе со +3 (11:8). Како течеше натпреварот, домаќинките постепено ја зголемуваа својата предност, додека вардарки не успеваа да се вратат во игра. На полувреме, Чаир замина со убедливо водство од 17:11.

Во второто полувреме, Чаир целосно ја презеде контролата врз натпреварот. Во 39-тата минута имаа највисока предност од +10 (27:17). Во продолжение, успешно ја одржуваа оваа предност сè до 56-тата минута, кога Вардар со серија од 5-0 успеа да ја намали разликата на 29:35. На крајот, Чаир го сочува водството и успеа да триумфира со конечни 37:34.

Најефикасни од тимот на Чаир беа Ѓеоргиевска со 13 и Дамчевска со 8 погодоци, додека од Вардар Миленковска даде 10 гола.

За денеска закажано е и дербито меѓу Металург Автокоманда и Ѓорче Петров, а утре дуелот Куманово – Астибо.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 15.КОЛО

Сабота / 26 април
ВАРДАР – ЧАИР 34-37
16.30 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Недела / 27 април
12.00 КУМАНОВО – АСТИБО

ТАБЕЛА (плеј-оф): Ѓорче Петров 29 бодови, Металург Автокоманда 23, Чаир 21, Вардар 9, Куманово 7, Астибо 0.

Ивона Кимовска

ФОТО: МАТЕЈЧО

ФОТО | МАТЕЈЧО