Секој викенд кој е исполнет со спортски натпревари ширум светот е нова шанса да се оствари добивка. А, уште поголеми се шансите доколку ги користите игрите во Златна Копачка, како што ние редовно го правиме тоа.За овој викенд, се одлучивме за седум парови со кои ќе напаѓаме солидна добивка, а се решивме да играме само сигурни натпревари.
ШТУТГАРТ – ХАЈДЕНХАЈМ: Победа домаќин
Минатосезонските пријатни изненадувања во Бундеслигата, годинава потфрлија откако им се покажа дека настапите во европските натпреварувања се преголем залак. Хајденхајм е на пат кон Цвајте, додека Штутгарт ќе се обиде да избори што е можно повисока позиција на табелата, па затоа типуваме победа на домаќините.ЧЕЛСИ – ЕВЕРТОН: Домаќинот да постигне 2+ голаСините немаат избор освен да ги добијат сите преостанати дуели во Премиер лигата за да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Доколку тимот на Мареска постигне барем два гола против Евертон, големи се шансите да направат исчекор кон целта.
АЈНТРАХТ Ф. – ЛАЈПЦИГ: Победа домаќин или реми и 2+ гола
Триумф во корист на Ајнтрахт ќе значи и чекор поблиску до пласман во ЛШ и топ 3 позициите во Бундеслигата, но Лајпциг е веднаш зад тимот од Франкфурт и се бори за иста цел. Оставаме простор за евентуално реми, но очекуваме најмалку два погодоци на средбата.
ЛИОН – РЕН: Победа домаќин
Четири екипи водат битка за местото кое води во квалификациите за ЛШ, а токму Лион и Рен се две од нив, кои во овој дуел влегуваат со по 51 бод. Сепак се одлучивме да се потпреме на искуството на поранешниот француски првак и да чекам победа на домаќинот.
ЕСТРЕЛА – ПОРТО: Победа гостин
,,Змејовите” се далеку од нивото на кое бевме навикнати, но уште имаат шанси за пласман во Лигата на Европа, а би требало да ги освојат потребните бодови за таа цел во овој дуел против екипата која се бори за опстанок во португалската елита.
НАПОЛИ – ТОРИНО: 3+ гола
Елмас се враќа во Неапол првпат откако Наполи го продаде во Лајпциг, но сега во дресот на Биковите од Торино ќе се обиде да им ги помати сметките на Наполитанците кои се борат за Скудетото. Очекуваме голгетерско издание на двете екипи, а нема да криеме дека ќе ни биде мило доколку македонскиот дијамант биде кобен за тимот на Конте.
ВИЉАРЕАЛ – ЕСПАЊОЛ: Домаќинот да постигне 2+ гола
Жолтата подморница со сите сили ќе се бори да исплива на петтото место во Ла Лига и да се пласира во Лигата на шампионите. Иако Еспањол е во добра форма и нема пораз во петте последни средби, не би требало да претставува проблем за Виљареал да постигне барем два гола.
Првиот од вкупно седум натпревари почнува вечерва во 20:30 часот, дотогаш имате време да ја искористите шифрата за брза уплата доколку сакате да го одиграте нашиот предлог-тикет.
Ние стандардно вложуваме 200 денари, а вие можете повеќе или помалку, како ви одговара.
ШИФРА: W04251095397




























