Барселона продолжува да чекори кон титулата во шпанската Ла Лига. Во рамките на 33.коло, каталонскиот гигант го совлада Мајорка минимално со 1-0. Со овој триумф Барса запиша нови три бодови и зацврстувајќи ја лидерската позиција на табелата.
Домашниот тим од самиот почеток наметна темпо и создаваше шанси. Сепак, решавачкиот момент дојде на самиот старт на вториот дел. Во 46.минута Дани Олмо ја затресе мрежата на гостите, носејќи му предност на својот тим. И покрај тоа што Барселона имаше уште неколку можности да ја зголеми предноста, резултатот остана непроменет до крајот.
Со овој триумф, Барса сега има 76 бодови, седум повеќе од Реал Мадрид, кој својот натпревар од ова коло ќе го одигра утревечер против Гетафе во малото градското дерби.
Каталонците се наоѓаат во одлична форма и со вакви изданија јасно ја потврдуваат својата амбиција, враќање на шампионската титула во своите витрини.





































