Велигденските празници се зад нас, па спортистите им се враќаат на обврските по кратката пауза.

Во машката ракометна суперлигашка плеј-оф конкуренција следуваат натпреварите од петтото коло.

Оваа рунда ќе биде отворена попладнево со натпреварот во Автокоманда каде Алкалоид ќе го пречека Бутел. Натпреварот се игра порано од другите два, поради обврските на Алкалоид во ЕХФ Европскиот куп. „Фармацевтите“ во недела, во Норвешка., ќе го играат реванш полуфиналниот дуел против Рунар во кој ќе бранат пет гола предност под првиот меч во Скопје.

Денешиот дуел во Автокоманда ќе почне до 19 часот. Останатите два натпревари од ова коло ќе се играат во четврток.

Дербито е во Битола, каде лидерот и актуелен шампион Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар. Во Кавадарци кај Тиквеш ќе гостува Охрид.

СУПЕР ЛИГА (ПЛЕЈ-ОФ) – 5.КОЛО

Вторник / 22 април
19.00 АЛКАЛОИД – БУТЕЛ
Четврток / 24 април
18.30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВРДАР
19.00 ТИКВЕШ – ОХРИД

ТАБЕЛА (плеј-оф): Е.Пелистер 11 бодови, Вардар 10, Алкалоид 6, Охрид 3, Тиквеш 3, Бутел 0.

Следете нé на социјалните мрежи