Понеделнчички вообичаено се објавуваат најновоите тенисеки рангирањаа.

На машката АТП листа меѓу првите десет имаше две промени, по одигрувањето на турнирите во Минхен и Барселона.

Сепак и натаму првиот е суспендираниот Италијанец, Јаник Синер, а победникот од Минхен, Александар Зверев се врати на втората позиција. Германецот, го мина Шпанецот, Карлос Алкараз кој загуби во финалниот меч во Барселона.

Победникот пак во Барселона, Холгер Руне се врати во првите десет и сега е деветтото рангиран. Русинот, Данил Медведев продолжува да паѓа, па сега е на десеттата позиција.

АТП рангирање (21 април):

  1. (1) Јаник Синер (Италија) 9930 поени
  2. (3) Александар Зверев (Германија) 8085
  3. (2) Карлос Алкараз (Шпанија) 8050
  4. (4) Тејлор Фриц (САД) 5. 4120
  5. (5) Новак Ѓоковиќ (Србија) 4120
  6. (6) Џек Дрејпер (Велика Британија) 3820
  7. (7) Алекс де Минаур (Австрија) 3585
  8. (8) Андреј Рублев (Русија) 3530
  9. (13) Холгер Руне (Данска) 3480
  10. (9) Данил Медведев (Русија) 32490