Реал Мадрид останува во трка по Барселона, а во игра за шампионскиот трофеј во Шпанија.
Откако прво Барселона со голем пресврт ја победи Селта, сега Реал во судиското надополнување славеше над Атлетик Билбао со 1-0.
Гостите одлично се бранеа, а Реал тешко создаваше шанси, но на крајот заслужено славеше.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Валверде и тоа во третата минута од судиското дополнение.
Така Реал кој е втор на табелата, ја задржа разликата на четири бода помалку во однос на водечката Барселона. Екипата на Атлетико Мадрид кој е трета, а кој во оваа рунда загуби од Лас Палмас, заостанува шест бода зад „кралевите“.
 
             
		