Вечерва на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, фудбалерите на Вардар и белградската Црвена Звезда ќе одиграат пријателски натпревар.
Дуелот на некогашните ривали во југословенскиот фудбал, сега е од хуманитарен карактер.
Имено, собраните средства од овој натпревар ќе бидат донирани на настраданите во кочанската несреќа.
Според најавите, арената ќе биде исполнета, а последната информација е дека се продадени повеќе од 20-тина илјади карти.
Натпреварот започнува од 20 часот, а може да го гледате низ директен ТВ пренос на МРТ 1 и 3.