Ракометарите на Алкалоид ја впишаа втората победа во плеј-оф конкуренцијата на машката Супер лига.
На гостувањето во „Биљанини Извори“, тимот на Алкалоид го совлада Охрид со 36-28 во натпревар од четвртото коло.
По израмнетото прво полувреме во кое гостите од Скопје беа во предност, а на одмор замина со позитива од два гола, во вториот дел беше решен победникот. Израмнето се играше со до 40.минута кога на семафорот стоеше резултатот 21-21. Тимот од Автокоманда ја засили одбраната, па во продолжението почна да создава предност која на крајот изнесуваше и убедливи осум голови разлика.
Со по шест постигнати гола, Игор Ѓорѓиев кај победничката и Теимураз Орјоникидзе во поразената екипа, беа двајцата најефикасни играчи на натпреварот.
Томот на Алкалоид сега има шест бодови, три помалку од лидерот Е. Пелистер, а два од второ пласираниот Вардар. Овие два тима утре ќе ги играат своите натпревари од четвртото коло. Вардарци го пречекуваат Тиквеш, а битолчани гостуваат кај Бутел.