Фудбалерите на Манчестер Сити и Кристал Палас одиграа ефикасен натпревар со седум голови, а победа забележа домашниот тим со 5-2.

Лошо започна натпреварот за актуелниот шампион. Гостите имаа два гола предност со погодоците на Езе (8.минута) и Ричардс (21).

Сепак избраниците на Пеп Гвардиола, усшеаја да го надополнат тоа до крајот на првиот дел. Дебруине (33) намали на 1-2, а Мармуш (36) израмни на 2-2.

Само што почна вториот дел (47) Хрватот, Ковачиќ го најави пресвртот, за водство на Сити од 3-2. Веќе во 56-минута, Џејмс Мекати зголеми на 4-2. Во 79-тата минута Орајли ги постигна конечните 5-2 за „граѓаните“.

Манчестер Сити сега е четврти со 55 бодови, два повеќе од Челзи кој утре ќе игра против Ипсвич.

Следете нé на социјалните мрежи