Македонските тенисерки веќе може да се радуваат на триумф над Јужна Африка во првото коло на Били Џин Кинг Купот. Макеоднија веќе поведе со 2:0 во мечеви против Јужноафриканките

Откако првиот триумф го обезбеди Магдалена Стоилковска, втората победа на Македонија и ја донесе Лина Ѓорческа. Таа во меч што траеше точно еден час, во два сета ја победи Марилуиз Ван Зил.

Првиот сет Лина го доби со 6-1, а во вториот на противничката и препушти гем повеќе 6-2.

Останува да се одигра и мечот во двојки, што нема да го промени исходот. Сепак победата би била важна во конечниот поредок во Ц групата.

Во неа Македонија ќе игра и против селекциите на Норвешка и Косово.