Екипите на Фулам и Тотенхем триумфираа во своите дуели од попладневната програма во Премиер Лигата. Фулам триумфираше над лидерот Ливерпул со 3:2, а Тотенхем со 3:1 беше подобар од Саутхемптон. Во третиот дуел Челзи и Брентфорд одиграа нерешен натпревар без голови.

Ливерпул продолжува во лоша серија и по интернационалната пауза.

Со пораз од 3:2 на гостувањето кај Фулам во 31 коло не успеа да се оддалечат на Арсенал и со чекор плус да ја осигураат Премиер Лигата. Стрелци на головите на натпреварот меѓу Фулам и Ливерпул беа Мек Алистер во 14.та минута и Луис Дијаз во 72.та минута за Ливерпул, а за Фулам Сесењон во 23.та, Ивоби во 32.та и Родриго Муниз во 37.та минута.

Тотенхем дојде до сигурен триумф против Саутемптон.

На овој натпревар „Спарси“ покажаа доминација уште од самиот старт и постигнаа 3 гола во првиот дел од кои еден беше поништен поради офсајд. Двата регуларни беа дело на Бренан Џонсон во 13.та и 42.та минута. Последниот гол за Спарси го постигна Матијас Тел од пенал во 95.та минута, а почесниот гол за Саутхемптон го постигна Матеус Фернандес во 90.та минута.

Челзи и Брентфорд одиграа реми од 0:0 кое во ниту еден случај не му годи на Челзи кој брка пласман за Лига на Шампиони.

По 31 коло Ливерпул останува лидер со 73 бода, а нивниот противник Фулам се наоѓа на 8.то место со 48 бода. Тотенхем Хотспур се 13.то пласирани со 37 освоени бода, а Саутемптон се последни со само 10 бода. Брентфорд се 12.то пласирани со 42 освоени бода на 31 одигран натпревар, а Челзи пак сеуште се на 4.та позиција со 53 бода.