Екипите на Милан и Фиорентина одиграа фантастичен натпревар со четири гола и без победник.
Дуелот на „Сан Сиро“ во Милано, во кој гостите имаа два гола предност, заврши со нерешен резултат 2:2.
Фиорентина брзо го отвори натпреварот со автоголот на Тијав во 7.минута, а веднашппотоа (10.минута) Моисе Кин ја удвои предноста.
Тами Абрахам намали за 2:1 во 23.минута, а со тој резултат се замина на полувреме.
Лука Јовиќ во второто полувреме изедначи на 2:2 во 64-мата минута. Во 89-тата, Додо постигна гол за 3:2 кој беше поништен поради офсајд, по прегледување на ВАР снимката.
Фиорентина и Милан се на 8-мата и 9-тата позиција со 52 бода, односно 48 бода.





































