Арсенал и Евертон одиграа еден прилично мирен натпревар во кој на крајот си ги поделија бодовите. Со резултат од 1:1 екипата на Микел Артета ги губи и ронките надеж што ги имаа за трофеј во Премиер Лигата.

Арсенал подобро го почна натпреварот и тоа го докажа фактот дека први постигнаа гол. Леандро Тросард беше стрелец на голот на Арсенал кој го постигна во 34.та минута.

Сепак „карамелите” фатија залет и одиграа подобро второ полувреме за разлика од Арсенал и тоа го покажа уште почетокот на вториот дел кога од 11 метри пенал погоди Ндијае во 49.та минута. Резултатот остана ист до самиот крај.

Со овој резултат Арсенал има 62 бода, 11 помалку по лидерот Ливерпул кој допрва треба да го одигра својот натпревар. Евертон со 35 бода се позиционирани на 14-тото место.