Фудбалерите на Арминија Билефелд и Штутгарт ќе се борат за трофејот во Купот на Германија.

Тимот на Штутгарт е вториот што обезбеди пласман во завршниот меч. Ова откако популарните „шваби“ пред својата публика го добија полуфиналниот дуел со Лајпциг со 3-1.

Уште во шестата минута Стилер со фантастичен гол им донесе предност на домаќините.

Во второто полувреме, односно 57.минута Волтемејд зголеми на 2-0. Гостите преку Словенецот, Шешко во 62.минута повторно ја вратија неизвесноста и намалија на 2-1. Сепак, надежта на гостите ја сруши Левелинг со голот во 73.минута поставувајќи ги конечните 3-1.

Така Штутгарт за трофејот во „ДФБ покал“ ќе игра против третолигашот Арминија. Тимот од Билефелд вчера го елиминира минатогодишниот победник Баер Леверкузен.

Финалето ќе се игра на 24 мај на Олимпискиот стадион во Берлин.