Екипа на Реал Мадрид е првиот финалист во фудбалскиот Куп на Шпанија. „Кралскиот“ тим по големaта драма и продолжение на „Сантијаго Бернабеу“ стигна до финалето.
Реванш полуфиналниот дуел со Сосиедад заврши 4:4, а благодарение на победата во Сан Себастијан (1:0), Реал обезбеди финале.
Регуларниот дел на „Бернабеу“ донесе голеада од дури седум гола, а во првото беа постигнати два. Во 16,минута Баренетхеа стрелаше за 1:0 за Сосиедад, а во 30-тата Ендрик израмни на 1:1.
Вториот дел делуваше мирен, но по две грешки на Давид Алаба кој во 72-та минута си постигна автогол, и во 80-тата за голот на Ојарзабал, Сосиедат имаше водство од 3:1 и во тој момент пласман во финалето.
Сепак, Реал Мадрид брзо се врати со два брзи гола на Белингам (82) и Чуамени (86). Кога „мадриѓаните” почнаа да го слават финалето, забавата ја расипа Микел Ојарзабал со голот во 93.минута со кој донесе продолженија.
Во нив, голот за победа го постигна Антонио Рудигер во 115-тата минута и повторно донесе радост за „кралевите”.
Кој ќе биде противник на Реал во големото финале ќе дознаеме утре по мечот што ќе се игра во Мадрид на „ Метрополитано“. Таму Атлетико и Брселона ќе почнат од „нула“ откако првиот меч на „Монжуик“ заврши 4:4.