Во германскиот фудбалскиот Куп ќе има нов освојувач на трофејот. Ова откако, бранителот на титулата од лани, Баер Леверкузен е елиминиран во полуфиналето.

Популарните „фармацевти“ вечерва се поразени на гостувањето во Билефилд од Арманија со 2:1.

Иако избраниците на Чаби Алонсо први постигнаа гол и преку Тах поведоа во 17.минута, сепак на крајот беа поразени.

Тимот на Арминија пресвртот го направи уште во првиот дел, преку Варл (20) и Гросер (45+1).

Кој ќе биде противник на Арминија во финалето ќе дознаеме утре за кога е закажан вториот полуфинален меч меѓу Штутгарт и Лајпциг.

За Арминиjа финалето закажано за 24 мај ви Минхен, ќе биде прво историско.