Во прволигашката машка конкуренција, попладнево ќе се одиграат последните два натпревари од 21.коло. Дуелите во Кавадарци и Куманово може да решаваат за последните два патника во плејофот.

Откако МЗТ Скопје не му дозволи на Феникс да направи изненадување, сега Тиквеш доби шанса за осмото место. Но кавадарчани ќе имаат тешка задача да го остварат тоа.

Тие прво денеска пред домашната публика ќе мора да победат во дуелот со ТФТ. Но тоа не е единствениот услов. Бидејќи имаат полош „скор“ во меѓусебните дуели со конкурентите, кошаркарите на Тиквеш ќе мора во последното коло да го совладаат и шампионот МЗТ и тоа на гостински терен. Само така може да се надеваат на осмото место, под услов Феникс и Чаир да ги загубат своите натпревари.

Чаирчани кои денеска гостуваат во Куманово, со победа би го обезбедиле местото во разигрувањето.

Математиките ќе бидат далеку појасни по двата натпревари што ќе почнат од 18 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21 коло

Недела / 30 март
18.00 ТИКВЕШ – ТФТ
18.00 КУМАНОВО – ЧАИР
Сабота / 29 март
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 98-57
КОЖУВ – ШКУПИ 94-89
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 79-90
Петок / 28 март
ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ А. 77-85

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 37 бодови, Работнички 35, Кожув 34, Пелистер 34, ТФТ 33 (-1 натпревар помалку), МКК Куманово 32 (-1), Феникс 31, Чаир 30 (-1), Тиквеш 29 (-1), Гостивар 28, Шкупи 28, Вардар 21.