Единствениот македонски претставник во еврокуповите сезонава актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Алкалоид.

Во недела, на домашен терен, Алкалоид го игра реванш четвртфиналниот дуел во Европскиот куп против романската екипа Баја Маре. На првиот натпревар во неделата во Романија резултатот беше 31:31, со гол во последната секунда од седум метри за романската екипа.

Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров е внимателен во пресрет реванш дуелот.

„Натпреварот во Романија можеше да има и поинаков крај. Можевме и ние да победиме, а можеа и ракометарите на Баја Маре да стигнат до победа.

Нерешениот резултат е некако најреален. Одигравме нерешено на гости, но тоа не значи дека ќе биде лесно во Скопје.

Затоа треба да бидеме максимално внимателни. Очекувам повторно изедначен натпревар“, истакна Лазаров.

Натпреварот Алкалоид – Баја Маре се игра во недела во салата Автокоманда со почеток во 19 часот.